Трамп објави дека постхумнo ќе го одликува Кирк

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека постхумнo ќе му го додели Претседателскиот медал за слобода на американскиот патриот Чарли Кирк, кој беше убиен во обид за атентат во Јута во среда.

Зборувајќи на комеморативната служба во Пентагон по повод 24-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, Трамп рече дека Кирк бил „џин од својата генерација, шампион на слободата и инспирација за милиони луѓе“, објавува The Guardian.

„Нашите молитви се со неговата прекрасна сопруга Ерика и неговите прекрасни деца, тие се фантастични луѓе. Многу ни недостига, но не се сомневам дека гласот на Чарли и храброста што ја донесе во срцата на безброј луѓе, особено млади луѓе, ќе продолжат да живеат“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

(ВИДЕО) Верски лидери повторно се молеа над Трамп во Белата куќа за заштита од злото

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Рускиот дизел утре тргнува за Америка