Трамп негира дека за потпретседател сакал да ја стави неговата ќерка Иванка

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече смешни извештаите за тоа дека на изборите во 2016 година разгледувал можност неговата ќерка Иванка да биде на местото потпретседател на САД.

Претходно за тоа објавија Вашингтон пост и Блумберг.

-Сега се шират лажни искази од Си-Ен-Ен дека сум сакал да ја номинирам мојата ќерка Иванка за потпретседател на изборите во 2016 година. Тоа не е точно и целосно смешно. Тие луѓе се болни, напиша денеска Трамп на Твитер. Си-Ен-Ен денеска емитуваше материјал, повикувајќи се на прилогот на Вашингтон пост.

За тоа дека Трамп сакал да ја номинира својата ќерка за негов потпретседател се говори и во книгата „Нечиста игра: историја на инсајдер за тоа како Трамп победи, Малер не успеа, а Америка изгуби“, која наскоро излегува од печат, а во авторство на Рик Гејтс, поранешен менаџер на кампањата за избор на Трамп.

Од книгата се дознава дека тој сепак ја разгледувал и таа опција, но, наводно се откажал од идејата, откако неговата ќерка оценила дека тоа „не е многу добра идеја“.

Би можело да ве интересира

Мажот кој загина во запалената „Тесла“ има прострелна рана во главата

Човекот кој загина во автомобил пред хотелот на Трамп бил припадник на Зелените беретки

Илон Маск го искористи Никола Тесла како пример зошто треба да се даваат визи на одредени странски работници

Трамп е против забараната на TikTok во САД

ВИДЕО: Бајден и Трамп испратија сосема спротивни честитки за Божик

Трамп сака да ги заштити Американците од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“

Горан Наумовски