Трамп не препорачува повторно затворање на САД

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема повторно да воведува рестриктивни мерки во земјата поради новиот бран на пандемијата на коронавирусот.

Во денешното интервју за телевизијата Фокс бизнис, шефот на државата изјави дека во земјата „сѐ е во ред“. Додаде дека САД веќе имаат големо искуство во борбата со коронавирусот. Според него, има драстично зголемување на бројот на заболени во некои сојузни држави, како на пример Њујорк, и упати критики за демократскиот гувернер, Ендрју Куомо, за начинот како се справил со епидемијата.

Тој додаде и дека вакцината против коронавирус во САД може да биде изготвена веќе до крајот на оваа година.

Трамп најави зголемување на вкупната сума за помош на американската економија поради кризата предизвикана од пандемијата до 1,8 трилиони долари. Демократите и републиканците во Конгресот се уште немаат договорено конечна цифра за новиот пакет мерки, бидејќи првите бараат повеќе отколку што Белата куќа вети дека ќе одобри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Предраг Петровиќ

Шеширот на Меланија Трамп предизвика различни реакции: Дали беше прикладен за инаугурацијата?

Предраг Петровиќ

QUANT, TRUMP и DOGE: Мемекоини од тинејџерска шега до општествен феномен

A1on

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Инаугурацијата на Трамп: Огномет, имитатор на Елвис Присли и нешто невидено во последните 40 години

Предраг Петровиќ