Трамп: Не мислам дека Украина може да победи во војната со Русија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Ентони Албанезе во Белата куќа рече дека Украина „сè уште може да ја добие војната“, но дека тој лично не верува во таков исход. Тој зборуваше и за американските напади врз Иран, кои ги опиша како „една од најголемите воени операции на сите времиња“ и за големиот број војници убиени во војната во Украина.

На прашањето од новинарите за неговата претходна изјава дека Украина „може да ја добие војната“, Трамп рече:

„Па, тие би можеле. Сè уште би можеле да победат. Не мислам дека ќе победат, но сепак би можеле да победат. Никогаш не реков дека ќе победат, реков дека можат да победат. Сè може да се случи. Знаете, војната е многу чудна работа. Се случуваат многу лоши работи, се случуваат многу добри работи“.

Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, тој додаде дека САД не би можеле да го постигнат неодамнешниот договор доколку не извршија напад врз нуклеарните постројки на Иран.

Ако го погледнете Блискиот Исток, би рекол дека пред да го погодиме Иран толку силно, никогаш не би можеле да го постигнеме тој договор бидејќи ќе имаше темна сенка врз Блискиот Исток. Кога ги отстранивме нивните нуклеарни капацитети, што беше една од најголемите воени операции на сите времиња, без пропусти. Го видовте тоа. Оние величествени Б-2. Тоа беше беспрекорен потег од многу талентирани луѓе, предводени од Пит и сите други и нашите големи генерали, особено генералот Рејзин Кејн. Направивме одлична работа и кога тоа се случи, сè се промени и успеавме да постигнеме договор“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Цените на гасот во Европа паднаа откако Трамп се откажа од закана за напад врз иранските електрани

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да го контролираме Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он

Трамп му постави ултиматум на Иран: Имате 48 часа да го отворите Ормутскиот теснец, во спротивно ќе ве уништиме!

А1он

Трамп разгледува три сценарија за копнена операција

Јапонската премиерка стана вирален хит поради фотографија за време на вечерата во Белата куќа

Предраг Петровиќ