Доналд Трамп објави дека САД наскоро ќе започнат со напади врз цели во Венецуела, префрлајќи го фокусот на војната против дрогата од морето на копното.
🇺🇸🇻🇪 | Trump promises to put an end to Maduro’s regime in Venezuela:
“This people killed more than 200,000 people last year. We’re going to finish off those sons of bitches.”
— ʜᴇʀQʟᴇs ᴇɴɢ (@Herqles_eng) December 3, 2025
Изјавата доаѓа во време кога регионот се соочува со растечки тензии, а кампањата против трговците со дрога влегува во нова фаза со ескалацијата на тензиите во Латинска Америка.
Најавата на Трамп означува значајна промена во стратегијата на САД за борба против трговијата со дрога. Досега, нападите беа насочени кон бродови за кои се сомнева дека транспортираат дрога, но префрлањето кон копнени цели во Венецуела може да доведе до посериозни последици, вклучително и потенцијални конфликти со локалните власти.
Овој потег дополнително ги комплицира односите на САД со земјите од Латинска Америка, особено Колумбија.
„Ќе ги започнеме овие напади и на копно. Знаеме каде живеат. Знаеме каде се лошите момци и наскоро ќе започнеме“, рече Трамп за време на состанокот на кабинетот.
Тој додаде дека нападите можеби нема да бидат ограничени само на Венецуела, туку ќе бидат насочени кон секој што произведува или продава дрога што завршува во САД.
