Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе воведат санкции против Колумбија поради нејзиното одбивање да прифати летови на депортирани мигранти.
„Само што бев информиран дека на два лета за репатријација од Соединетите држави, со голем број илегални криминалци, не им беше дозволено да слетаат во Колумбија“, објави Трамп на „Truth Social“.
Тој додаде дека и наредил на неговата администрација да преземе „итни и решителни одмазднички мерки“.
Трамп рече дека ќе воведе вонредни царини од 25 отсто за сите колумбиски стоки кои доаѓаат во САД, кои ќе се удвојат на 50 отсто една недела подоцна.
Тој, исто така, најави дека САД ќе воведат забрана за патување и веднаш ќе ги укинат американските визи издадени на колумбиските власти, како и на сите сојузници и поддржувачи.