Трамп најави борба против евентуално негово отповикување

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп најави борба против каков било обид на демократите во Конгресот да покренат постапка за негово отповикување по истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер, ветувајќи дека правната битка ќе ја пренесе на Врховниот суд и покрај уставната моќ на Конгресот за импичмент.

-Ако поддржувачите на демократите некогаш се обидат да покренат отповикување, прв ќе се обратам до Врховниот суд на САД, напиша Трамп на Твитер.

Уставот на САД им дава „исклучителна моќ” за отповикување на Претставничкиот дом и на Сенатот.

Демократите, кои го контролираат Претставничкиот дом, остануваат поделени околу отповикувањето дури и откако се отвори нов фронт на истрага за претседателот, што предизвика нова правна војна со Белата куќа, бидејќи Трамп жестоко се бори против кој било нов надзор на Конгресот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп