Трамп: Можеби нешто добро се случува во мировните преговори за Украина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека можеби нешто добро се случува во мировните преговори во Украина.

– Дали е навистина можно да се постигне голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина? Не верувајте во тоа додека не го видите, но можеби нешто добро се случува. Бог да ја благослови Америка, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Делегациите од Украина, САД и европските земји вчера во Женева разговараа за американскиот план од 28 точки за прекин на војната во Украина, откако Киев и неговите сојузници изразија незадоволство од делови од предложениот план што предвидуваат големи отстапки кон Русија.

Белата куќа објави дека секој иден договор за прекин на војната во Украина мора целосно да го поддржува суверенитетот на Украина и да обезбеди одржлив и праведен мир, и дека Украина и САД изготвиле ажурирана верзија на мировна рамка по разговорите во Женева.

Во заедничката изјава на САД и Украина се наведува дека конечните одлуки во рамките на овој план ќе ги донесат претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп.

Исто така, се наведува дека вчерашните разговори за мировна рамка во Женева биле конструктивни, фокусирани и исполнети со почитување, со акцент на заедничката посветеност за постигнување мир, и дека Украина и САД продолжуваат интензивната соработка по ова прашање, вклучително и тесната соработка со европските партнери.

Би можело да ве интересира

Медведев: Пронајдени се докази за производство на компоненти за биолошко оружје во Украина

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

„Дејли меил“: Трамп го замоли Џ.Д. Венс да најде излез од војната со Иран

Трамп размислува за повлекување на американските трупи од Европа