Трамп ќе ја испрати Националната гарда во Чикаго и Балтимор

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе нареди интервенција на федералната полиција за борба против криминалот во Чикаго и Балтимор, и покрај силното противење од државните и локалните власти во тие градови.

„Чикаго е многу интересен, бидејќи ги гледав како велат: „Не ни треба помош, безбедни сме“, но пред две недели, шест лица беа убиени, а 24 лица беа застрелани“, рече Трамп без да прецизира точен датум за испраќање на федералните сили, објави Политико.

Претседателот ја пофали градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, за нејзината соработка со федералните сили, додека го критикуваше демократскиот гувернер на Илиноис, Џ.Б. Прицкер, кој изјави дека криминалот во Чикаго не бара федерална интервенција.

Би можело да ве интересира

Трамп: Цела цивилизација ќе умре вечерва

Одговорот на Иран на ултиматумот на Трамп во 10 точки

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Истекува крајниот рок на Трамп за Иран да го отвори Ормутскиот теснец

Ги загубивме клучевите, Иран му одговори на Трамп на бесните закани на Ормутскиот теснец

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Пореметен лудак“, реакции од САД на пцуењето и заканите на Трамп кон Иран

ВИДЕО: Иран одговори на заканите на Трамп