Трамп: Ким сака да лансира ракети

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека и натаму има доверба во севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и изрази надеж дека тој ќе ја заврши денуклеаризацијата.

Трамп, исто така, оцени дека Ким сака да лансира ракети.

– Ким сака да лансира ракети. Зар не? Затоа и го викам рокетмен, изјави Трамп пред новинарите во Лондон, пред почетокот на НАТО Самитот.

Пјонгјанг денеска оцени дека САД се обидуваат да ги пролонгираат преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја поради претседателските избори следната година.

Заменикот министер за надворешни работи на Северна Кореја Ри Те Сонг истакна дека се ближи крајот на годината, со што се означува крајот на периодот кој таа земја го одреди за САД, пренесува државната КЦНА. Тој рече дека целосно зависи од Вашингтон кој божикен подарок ќе го изберат.

– Досегашните чекори на Вашингтон не се ништо друго освен будалест трик осмислен за да ја задржи Демократска Народна Република Кореја во дијалог, со цел тоа да го искористи за политичката ситуација и изборите во САД, оцени севернокорејскиот заменик министер.

Јужнокорејските медиуми оваа изјава ја оценија како прикриена закана дека Пјонгјанг би можел да го укине мораториумот на нуклеарни проби и тестирања на проектили со долг дострел.

Преговорите запреја по неуспешниот обид на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во февруари во Виетнам.

Двете страни не успеаја да се договорат за следниот чекор кон ублажување на тензиите и Северна Кореја оттогаш лансираше повеќе проектили со кус дострел во море.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот