Трамп-Ким: Историска средба или театар

Од:

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун и неговиот американски колега Доналд Трамп на вчерашниот состанок се договорија да продолжат со дијалогот со цел да се постигне напредок во процесот на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, објавија денеска медиумите во Пјонгјанг.

Трамп со неговата посета на Демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи, каде што се сретна со Ким, стана првиот американски претседател кој ја посетил Северна Кореја.

– Лидерите на двете држави се усогласија да останат во близок контакт во иднина со цел да се обнови и покрене продуктивен дијалог за постигнување на напредок во денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров и во билатералните односи, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Агенцијата наведува дека Ким и Трамп на тет-а-тет средбата разговарале за „прашања потребни за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров“ при „што изразија целосно взаемно разбирање и емпатија“.

– Храбрата одлука на двајцата лидери да одржат историски состанок создаде доверба без преседан помеѓу двете земји, кои долго време се вовлечени во длабоко вкоренет анимозитет, наведува КЦНА.

Според „Њујорк тајмс“ третата средба на Трамп и Ким беше организирана како телевизиски спектакл.

– Трамп е добар во привлекувањето на вниманието и да прави сензација. Кога таквите методи се применуваат за промовирање на мирот и стабилноста, тие можат да доведат до многу добри резултати… Состанокот помеѓу Трамп и Ким се чини дека е симболичен, но со тоа е променет статус квото меѓу двете земји и доведе до обновен дијалог. Всушност, тоа беше мала пресвртница во билатералните односи, објави кинескиот весник „Глобал тајмс“, кој излегува на англиски јазик.

Весникот додава дека е „чудо е што американскиот претседател успеа да воспостави личен однос со Ким покрај сериозната меѓудржавна конфронтација“.

– Пријателството помеѓу двајцата лидери сепак, никогаш не може да ги замени националните интереси на земјите страните, бидејќи неговата улога во решавањето на главните политички разлики е ограничено. Сериозни поделби помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг се очигледно поважни од личниот однос меѓу нивните лидери, истакнува „Глобал тајмс“.

Аналитичарот Шин Беом-чул од Азискиот институт за политички науки за КЦНА наведе дека „типичната севернокорејска пропаганда го глорифицира Ким како носител на огромните промени во геополитиката“.

– Целта беше да се поправи нарушениот статус на Ким, откако тој се врати од Самитот во Ханој со празни раце, истакна Шин.

Аналитичарите се поделени за вчерашната средба Трамп – Ким, за едни тоа е нов импулс за отпочнување на нуклеарните разговори, додека за други тоа е „театрално реално шоу“.

Трамп и Ким во 2018 година првпат се сретнаа во Сингапур, при што беше нејасно форумулирана денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров, додека втората средба во февруари во Ханој се смета за неуспешна откако не беше постигнат договор за редуцирање на санкциите кон Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот