Трамп ја објави пораката што му ја испрати шефот на НАТО

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social снимка од екранот од пораката што ја доби од шефот на НАТО, Марк Руте.

Претставници на НАТО потврдија за Ројтерс дека Руте денеска му испратил порака на Трамп.

„Господине претседателе, драг Доналд, ви честитам и ви благодарам за вашата решителна акција во Иран, која беше навистина извонредна и нешто што никој друг не се осмели да го направи. Тоа нè прави сите побезбедни. Вечерва во Хаг летате кон уште еден голем успех. Не беше лесно, но сите ќе го потпишат договорот од петте проценти“, се вели во пораката.

„Доналд, нè доведовте до навистина, навистина важен момент за Америка и Европа, и за светот. Ќе постигнете нешто што НИЕДЕН американски претседател не можел да го направи со децении. Европа ќе плати ГОЛЕМА цена, како што и треба, и тоа ќе биде ваша победа. Пријатно патување и се гледаме на вечера кај Неговото Височество! Марк Руте“, стои во пораката.

Лидерите на 32 членки на НАТО ќе учествуваат денес и утре на самит во Хаг, каде што треба да го потврдат зголемувањето на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година.

Би можело да ве интересира

Трамп тврди дека испратил брод во Гренланд; пристигна одговор од Данска

„Ова е отров“ – Макрон и Мерц за заканата на Трамп за повисоки царини

А1он

Доналд за документарецот на Меланија: И реков – нема место за две ѕвезди во семејството

А1он

Отворен првиот состанок на „Комитетот за мир“, Трамп: Војната во Газа е завршена

А1он

Трамп: „Ќе дознаете за 10 дена – лоши работи ќе се случат“

А1он

Трамп со последен ултиматум до Иран: Војната може да започне во секој момент!

А1он