Трамп ја нападна Клинтон околу пребројувањето во Висконсин

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, ја нападна Хилари Клинтон поради одлуката на нејзината изборна кампања да го поддржи пребројувањето на гласовите во сојузната држава Висконсин.

Тој и забележува на Клинтон за ваквата одлука, затоа што веќе му ја признала победата на изборите и ја потсетува на нејзините заложби во текот на кампањата, да се прифатат изборните резултати.

Клинтон во една прилика реагираше на ваков начин, кога Трамп во својата предизборна кампања се закануваше дека нема да ги прифати резултатите од гласањето, доколку не победи.

Сегашната постапка за пребројување на гласовите во Висконсин ја покрена Џил Стејн, која беше претседателски кандидат на американската Партија на Зелените.

Во оваа сојузна држава, со мало мнозинство од 22 илјади гласови победи Трамп, иако сите испитувања на јавното мислење, претходно, укажуваа на „сигурна победа“ на Клинтон.

Стејн бара пребројување и во Пенсилванија, каде рокот за приговор истекува денеска, како и во Мичиген.

Во сите овие три сојузни држави, неочекувано победи Трамп, а во сите нив не се гласаше со уфрлување на гласачки ливчиња во гласачки кутии, туку преку специјални компјутеризирани машини за гласање.

Стејн обезбеди седум милиони долари за пребројувањето на гласовите, откако комјутерски експерти предупредија дека машините можеле да бидат хакирани и дека зад една таква операција би можеле да стојат руски хакери.

Американските медиуми забележуваат дека е малку веројатно оти ќе се измени нешто околу исходот на изборите, дури и да се открие дека имало хакирање.

Доколку и би се поништиле изборите во овие три држави, Трамп би загубил вкупно 46 електорски гласови, но и без нив републиканскиот кандидат, пак би победил.

Претставник на кампањата на Хилари Клинтон, ги отфрли нападите на Трамп.

Тој рекол дека нема докази за извршена саботажа на изборите од 8 ноември, но дека смета оти пребројувањето е потребно – „за да се тргне сомневањето“.

– Пребројуавњето е обврска и кон оние 64 милиони гласови, што ги доби Клинтон од Американците, рече овој претставник.

Во гласањето, Клинтон на изборите освои 2,2 милиони повеќе гласови од Доналд Трамп, но беше поразена кај електорскиот систем, чии резултати го одлучуваат победникот.

– Нашиот систем на гласање не е совршен, па затоа треба да се пребројат гласовите во Висконсин и во другите две држави, за да не остане никаква дамка врз годинешниов изборен процес, рече Џил Стејн за Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Трамп е против забараната на TikTok во САД

Медведев: Скапо е да се бориш против САД

ВИДЕО: Бајден и Трамп испратија сосема спротивни честитки за Божик

Божиќен хаос во САД: „Американ ерлајнс“ денеска ги приземји сите свои авиони

Бил Клинтон ја напушти болницата со дијагноза на грип

Горан Наумовски

Трамп сака да ги заштити Американците од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“

Горан Наумовски