Американскиот претседател ја исмеа одлуката на судијата од Сиетл кој ја блокираше неговата забрана за влез во САД на жители од седум претежно-муслимански земји.
The opinion of this so-called judge, which essentially takes law-enforcement away from our country, is ridiculous and will be overturned!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) February 4, 2017
„Мислењето на тој таканаречен судија, што всушност го одзема правото на нашата земја да го спроведува законот е смешна и ќе биде поништена“ напиша Доналд Трамп на Твитер.
Одлуката на судијата Џејмс Робарт, кој беше именуван од претседателот Буш, привремено ја блокираше извршната наредба на Трамп со што повторно е овозможен влез во САД на жителите од Либија, Судан, Ирак, Иран, Сирија, Јемен и Сомалија.
Жалба за оваа одлука до судот во Сиетл поднела федералната држава Вашингтон, а подоцно била поддржана и од Минесота.
Од Вашингтон жалбата ја темелеле на тврдењето дека одлуката на Трамп штетела на таа федерална единица, наведувајќи примери како студенти и работници кои се легално во САД, но привремено биле во тие држави.
Жалбата ја поддржа и од компанијата Амазон и Експедиа, тврдејќи дека штети во нивната работа.