Трамп: Имав многу добар разговор со Зеленски, ќе ја завршам војната во Украина пред јануари

Од:

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар“ телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, повторувајќи дека ќе стави крај на војната во Украина дури и пред да ја преземе функцијата во јануари, доколку победи на изборите на 5 ноември.

Во објавата на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп изјави дека како претседател ќе „донесе мир во светот и ќе стави крај на војната која чини многу животи“.

Трамп нагласи дека Украина и Русија ќе можат да преговараат за мировен договор кој „ќе стави крај на насилството и ќе го отвори патот кон напредок“.

Трамп изјави дека Зеленски во петокот во телефонски разговор му честитал што станал републикански претседателски кандидат, како и дека го осуди атентатот врз него минатата сабота.

За време на разговорот со Трамп, Зеленски ја истакна важноста од зачувување на двопартиската поддршка на САД за Украина, пренесува Укринформ.

„Разговарав со Доналд Трамп. Му честитав на републиканската номинација и го осудив страшниот обид за атентат во Пенсилванија. Му посакав сила и апсолутна безбедност во иднина“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

Зеленски ја истакна виталната важност на двопартиската и дводомната американска поддршка во заштитата на слободата и независноста на Украина.

Претседателот на Украина, исто така, изрази благодарност до САД што помогнаа да се зајакне способноста на Украина да се спротивстави на руските напади.

Би можело да ве интересира

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД