Трамп: Имаме позитивна кореспонденција со Северна Кореја

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата земја од неодамна има „позитивна кореспонденција“ со Севрна Кореја.

Од неодамна имаме извесна кореспонденција, многу позитивна кореспонденција со Северна Кореја, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, за време на посетата на пакистанскиот премиер Имран Кан.

Трамп, исто така, кажа дека не може да даде конкретна временска рамка за продолжување на разговорите за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров меѓу двете земји, изјавувајќи само дека тоа ќе се случи „кога тие ќе бидат подготвени“.

Претходно американскиот државен скеретар Мајк Помпео изјави дека се надева дека Вашингтон ќе го оддржи контактот со Пјонгјанг.

-Стејт департментот водеше бројни разговори со Северна Кореја, изјави Помпео во интервју за ТВ програмата „ Фокс& Френдс“.

Кон средината на јули од Вашингтон и Пјонгјанг се очекуваше да ги продолжат разговорите на ниво на работни групи, по минатомесечната средба на лидерите на двете земји во Панмунџом.

Северна Кореја минатата недела соопшто дека е можно сепак да се одложат средбите на работните групи доколку САД и ЈУжна Кореја ги изведат најавените заеднички воени вежби, пренесе Ксинхуа.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот