Американскиот претседател Доналд Трамп повторно му се закани на Брисел со царини, велејќи дека ЕУ мора да „игра според правилата” или ќе и воведе „царини од пеколот”.
– Европската унија е многу, многу цврста. Тие не дозволуваат нашите производи да влезат. Тие не дозволуваат увоз на нашата земјоделска стока, рекол Трамп на состанокот со американските гувернери, се наведува во денешното соопштение од Белата куќа.
Тој додаде дека „можеби на некој начин”, ЕУ е поцврста од Кина.
Трамп, исто така, ја обвини ЕУ дека наплатува големи царини на американските автомобили, додека САД не наплатува речиси ништо кога ќе ги испратат своите автомобили.