Трамп и покрај пандемијата најави голем предизборен собир

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека за неколку дена ќе го одржи вториот голем предизборен собир во рамките на претседателската кампања за изборите во ноември, и покрај тоа што во некои американски сојузни држави е во пораст бројот на инфицирани лица со Ковид-19.

Трамп планира на 11 јули да одржи митинг на отворено на аеродромот во Портсмаунт во Њу Хемпшир, а за учесниците ќе бидат обезбедени маски.

Од предизборниот штаб на Трамп наведоа дека сите учесници на митингот ќе треба да потпишат „доброволно прифаќање на сите ризици“ поради новиот коронавирус и оти кампањата на Трамп нема да сноси одговорност.

Првиот голем митинг се одржа во март, додека пред три недели беше одржан собир на стадионот во Тулси, државата Оклахома, но беше слабо посетен иако Трамп најави дека еден милион луѓе обезбедиле безплатни влезници.

Во САД регистрирани се 2.983.142 заразени лица со Ковид-19, од кои 132.571 починале, а оздравеле 1.289.687 лица.

Би можело да ве интересира

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Горан Наумовски

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски