Трамп и Мун се договорија за тесна соработка за Северна Кореја

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп и новоизбраниот јужнокорејски претседател Мун Џе-ин остварија телефонски разговор, при што се договориле за тесна соработка за решавање на кризата со севернокорејската нуклеарна програма.

– Тоа е сложен проблем, но може да биде решен, навел Трамп при разговорот.

Мун соопшти дека тие ќе имаат усогласен пристап кон Северна Кореја.

Двајцата се договориле да го зајакнуваат сојузот меѓу САД и Јужна Кореја.

Трамп му честитал на Мун за „големата победа“ на предвремените избори во Јужна Кореја и го поканил да го посети Вашингтон во најскоро време, соопшти прес-службата на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија