Трамп го почитува Путин, но не знае дали ќе се разбираат

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ изјави дека го почитува рускиот претседател Владимир Путин, но тоа не значи дека двајцата добро ќе се разбираат, пренесоа ТАСС и ДПА.

Во интервјуто, чии делови беа објавени синоќа, водителот Бил О’Рајли го праша Трамп дали искажува почит кон Путин.

– Навистина го почитувам, но јас почитувам многу луѓе. Тоа не значи дека со него ќе се нагодувам. Дали со него ќе се разбираме? Немам идеја – одговори Трамп во интервјуто, кое ќе се емитува подоцна.

– Кажувам дека е подобро да се разбираме со Русија, отколку да не се разбираме . И доколку Русија ни помогне во борбата против Исламска држава, што е важна борба, и против исламскиот тероризам низ целиот свет – тоа ќе биде добро – продолжи Трамп.

– Но, тој (Путин) е убиец! – извика водителот.

– Има многу убијци. И ние имаме многу убијци. Што си мислите? Дека нашата земја е толку невина? – возврати Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе ја завршам војната во Украина за 24 часа

Трамп: Ако победам на претседателските избори Америка повторно ќе биде слободна земја

Горан Наумовски

Путин: Не создаваме воен сојуз со Кина

Данилов: Кремљ ја зеде Белорусија како нуклеарен заложник

Путин: Ќе се открие вистината за експлозиите на гасоводите „Северен тек“.

Трамп: Јас сум најневиниот човек во историјата на Америка

Горан Наумовски