Трамп го обвини гувернерот на ЕЦБ за манипулација со курсот на еврото

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер го искритикува гувернерот на Европската централна Банка, Марио Драги, поради манипулација со курсот на еврото.

-Марио Драги штотуку објави можност од дополнителен стимул што предизвика пад на курсот на Еврото во однос на Доларот, овозмоувајќи им полесно да конкурираат со САД, напиша Трамп по изјавата на гувернерот на ЕЦБ.

Американскиот претседател посочи дека „на Европјаните тоа им успева со години, исто како и на Кина и на другите“.

Драги денеска изјави дека ЕЦБ може повторно да ја омекне монетарно-кредитната политика и да ги намали каматите. Се разгледува и можноста од купување на активи, ако растот на цените не се врати до таргетот од 2 отсто.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија