Трамп го назначи Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи Дејвид Сакс, инвеститор на ризичен капитал, за советник и координатор за областите на вештачката интелигенција и криптовалутите.

Трамп таа одлука ја објави на социјалната мрежа Truth Social, објави CNN News.

Работата на Сакс ќе вклучува создавање правна рамка за криптовалути, како и водење на Претседателскиот совет за наука и технологија.

„Дејвид ќе се фокусира на тоа Америка да стане глобален лидер во двете области. Тој ќе ја брани слободата на говорот на Интернет и ќе не оддалечи од предрасудите и цензурата на големите технолошки компании“, рече Трамп.

Сакс стана истакнат поддржувач на Трамп претходно оваа година, кога тој беше домаќин на собирање средства за него на неговиот имот во Сан Франциско.

Би можело да ве интересира

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Рубио: Кина би можела да го затвори Панамскиот канал во случај на конфликт со САД

Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Катерина Ѓуровски

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Американските обвинители ја прекинаа кривичната постапка против двајца соработници на Трамп

Горан Наумовски

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп, ќе го преименува Мексиканскиот Залив