Трамп ги укина санкциите за руски производител на оружје, во исто време ја суспендираше помошта за Украина

Од:

Претседателот на САД – Доналд Трамп, ги укина санкциите врз неколку руски компании и банки, вклучувајќи ја и „Рособоронекспорт“, официјалниот државен извозник на руско оружје и единствената овластена институција за извоз на воена и двојна (воено-цивилна) опрема.

Овој потег доаѓа веднаш по укинувањето на санкциите врз Сирија на 1 јули, а според „Москва Тајмс“, американската администрација, исто така, отстрани неколку руски институции, банки и поединци од листата на санкции, од кои некои беа поврзани со поранешниот сириски режим.

Меѓу нив е и Кирсан Иљумжинов, поранешен претседател на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) и поранешен шеф на Руската Република Калмикија.

Во 2015 година, тој беше предмет на санкции од САД поради поддршка на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а неговите средства во САД беа замрзнати во тоа време.

САД, исто така, денес ја запреа испораката на клучно оружје во Украина, вклучително и системи за противвоздушна одбрана кои беа од клучно значење за Киев во последните месеци поради интензивирањето на руските воздушни напади.

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет нареди пауза во испраќањето ракети и муниција во исчекување на преглед на залихите, иницирана по години испраќање воена помош на Украина, но и поради воените операции на САД на Блискиот Исток, вклучувајќи ја одбраната на Израел и борбата против Хутите во Јемен, според „NBC“.

Одлуката доаѓа во критично време – само неколку дена откако Украина претрпе еден од најсилните воздушни напади од почетокот на војната.

Според украинското Министерство за одбрана, Русија потоа лансирала дури 60 ракети и 477 беспилотни летала.

Американските медиуми известуваат дека залихите на воена опрема се опасно ниски, а Пентагон ја разгледува долгорочната одржливост на помошта за Украина.

Киев предупреди дека крајот на американската воена помош би можел да ја охрабри Русија да ја продолжи војната, во време кога Украина ги трпи најтешките воздушни напади од почетокот на инвазијата и губи територија на истокот и југот на земјата.

Би можело да ве интересира

Трамп го избриша видеото на кое Барак и Мишел Обама беа прикажани како мајмуни

Предраг Петровиќ

Трамп: Иран не сака САД да ги нападне

А1он

По четири години конечно слободни – украински затвореници се вратија дома

А1он

Путин изгуби клучен сојузник, Трамп даде понуда што не може да се одбие

А1он

Трамп: Се приближуваме до договор за Русија и Украина

А1он

Внуката на Трамп вели дека нејзиниот чичко можеби има Алцхајмерова болест