Трамп ги обвини политичките противници за упадот во Конгресот

Од:

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп во приватен разговор со лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом на Конгресот, Кевин Макарти, го обвини лево ориентираното движење Антифа за минатонеделниот упад во зградата на Капитол Хил.

На видео снимките кои на денот на немирите во Вашингтон ги пренесуваа светските агенции и телевизиски мрежи, јасно се гледаат докази дека демонстрантите кои насилно упаднаа во Конгресот во голем дел биле приврзаници на Трамп, пишува еден од највлијателните американски портали Аксиос.

Извори од Белата куќа, кои се запознати со овој разговор, наведуваат дека комуникацијата била тензична и агресивна, тврдејќи дека Макарти му кажал на Трамп оти „тоа не била Антифа, туку приврзаници на МАГА“ (Да ја направиме Америка повторно голема).

– Тоа беа приврзаници на МАГА. Го знам тоа. Бев таму, му рекол Макарти на Трамп и го посоветувал да му се јави на Џо Бајден, да се сретне со него или да му испрати писмо за добредојде на работното место во Овалниот кабинет во Белата куќа.

Билансот од минатонеделниот упад на приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот е петмина загинати, меѓу кои и еден полицаец, како и десетици повредени.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата