Трамп: Бев саркастичен кога реков дека можам да го направам тоа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил „малку саркастичен“ кога во текот на кампањата постојано тврдеше дека војната меѓу Русија и Украина може да ја заврши во рок од 24 часа.

Трамп одговори на тоа прашање во интервју за емисијата „Full Measure“ додека неговата администрација продолжува да се обидува да посредува за решение, 54 дена од неговиот втор мандат, објави порталот „Local10“.

„Бев малку саркастичен кога го кажав тоа“.

„Навистина мислев дека сакам да го решам и мислам дека ќе успеам“, рече Трамп во мај 2023 година за Си-Ен-Ен: „Тие умираат, Русите и Украинците. Сакам да престанат да умираат. И ќе го завршам тоа – ќе го завршам за 24 часа“.

Неговиот специјален пратеник Стив Виткоф оваа недела беше во Москва на разговори за американскиот предлог за прекин на огнот, кој Украина го прифати.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ајатолахот Хамнеи е мртов; „Ги уништивме за еден ден“

Трамп ги повика иранските сили да го положат оружјето. „Другата опција е смрт“

Морган Фримен за Доналд Трамп: Не можам да разберам како осуден криминалец може да биде претседател

Предраг Петровиќ

Медал за честа за пилотот кој учествуваше во апсењето на Мадуро

А1он

Зеленски го покани Трамп во Киев: Само ако дојде тука може да разбере кој е агресорот

А1он

Откриен е идентитетот на убиениот на имотот на Трамп: Неговото семејство го прогласи за исчезнат во саботата