Трамп: Барав помалку тестирања бидејќи имаме многу позитивни на Ковид-19

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на неговиот прв предизборен митинг во Тулса, Оклахома, на кој присуствуваа помалку луѓе отколку што се очекуваше, објави дека им рекол на членовите на неговата администрација да го намалат обемот на тестирање на коронавирус поради зголемениот број случаи во САД.

„Знаете, тестирањето е меч со две острици. Кога масовно тестирате, ќе најдете повеќе позитивни луѓе. Затоа им реков на моите луѓе: Ве молам, забавете го тестирањето, рече Трамп на предизборниот митинг. Неименуван претставник на Белата куќа, подоцна за Си Ен Ен изјави дека „очигледно претседателот се шегувал“.

Трамп, објаснувајќи дека вирусот има повеќе имиња од која друга болест, го спомна изразот „кунг флу“ (кунг грип), што значи дека вирусот дошол од земјата на кунг-фу. Си Ен Ен оцени дека тоа е расистичка инсинуација, која алудира дека коронавирусот потекнува од Кина.

Американскиот претседател се осврна и на антирасистичките протести низ целата земја, критикувајќи го новиот тренд на уривање статуи на личности од колонијалната ера.

„Луда левичарска толпа се обидува да ја вандализира нашата историја, да ги уништи нашите споменици, нашите убави споменици, да урива статуи и да казнува, неутрализира и измачува секој што не ги почитува нивните барања да имаат целосна контрола. Ние не им се потчинуваме“, рече Трамп. .

Американските медиуми посочуваат дека митингот на Трамп е одржан и покрај предупредувањата дека претставува здравствен ризик, бидејќи требаше да биде еден од најголемите собири во затворен простор за време на пандемијата на коронавирус. Но, во салата со 19.000 места имаше илјадници празни столици, а непосредно пред собирот беше соопштено дека во штабот на претседателската кампања има шест случаи на коронавирус.

Трамп се обиде да објасни зошто посетеноста била мала, велејќи дека за тоа се виновни медиумите кои повторувале „да не се доаѓа, да не се оди, да не се прави ништо“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

По победата на Трамп, многу очајни Американци истражуваат како да се преселат во странство

Предраг Петровиќ