Трамп: Ако избувнат протести и немири на 3 ноември, мошне бргу ќе ги задушиме

Од:

Ако избувнат демонстрации и нереди по претседателските избори на 3 ноември при потенцијална победа на Доналд Трамп, тие ќе бидат „многу брзо задушени“, изјави денеска американскиот претседател во интервју за Фокс Њуз.

Изјавата беше дадена во одговор на прашањето на водителката на телевизијата, Џанин Пиро, каква ќе биде реакцијата на властите ако избирачите искажат незадоволство или протестираат поради резултатите од гласањето.

-Ако тие тоа го направат, ќе ги потиснеме мошне бргу. Имаме право така да постапиме. Имаме моќ, ако одлучиме, да го направиме тоа. Слушајте, тоа се нарекува востание… Тоа е многу лесно, изајви Трамп.

За време на посетата на Кеноша, Висконсин пред десттина дена, нередите и протестите кои се случуваат во САД изминативе неколку месеци Трамп ги нарече „антиамерикански“.

Пред тоа, за време на протести во центарот на Вашингтон, припадници на Националната гарда употребија гумени куршуми и светлечки гранати за да ги истисне протестирачите од плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа

Исто така, Трамп неодамна вети дека ќе ја укине федралната помош за градовите во кои има постојани немири и демонстрации.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски