Трамп: Ако ги изгубам изборите ќе заминам во Венецуела

Од:

Поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат за американските избори Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Америка и ќе замине во Венецуела доколку ги загуби изборите во ноември.

Во интервјуто на X со милијардерот Илон Маск, Трамп рече дека Венецуела, која е зафатена од немири по претседателските избори, ќе биде „далеку побезбедно место“, пренесува Washington Examiner.

„Ако нешто се случи со овие избори, што би било хорор шоу, следниот пат ќе се сретнеме во Венецуела бидејќи тоа ќе биде многу побезбедно место за средба од нашата земја“, му рекол Трамп на Маск.

Трамп рече дека стапката на криминал во Венецуела е намалена, додека стапката на криминал во САД се зголемила.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го забрани X во земјата, воведувајќи забрана од 10 дена на 9 август, откако Маск го обвини Мадуро за вклученост во „масовна изборна измама“.

Изборната комисија на Обединетите нации соопшти дека изборната власт на Венецуела не ги почитувала регулаторните одредби кога ги објавила резултатите од изборите во јули и дека недостатокот на детални резултати е без преседан.

Би можело да ве интересира

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски

„Вашингтон пост“: Откриени нови, но бројни пропусти во обезбедувањето на Трамп

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Трамп: Нема да има нова изборна дебата со Камала Харис

Горан Наумовски

Трамп: Бајден не знаеше како да разговара со Путин и сега милиони се мртви

Горан Наумовски