Трагедија во Полска се судрија два авиона, има жртви

Од:

Два мали авиона денеска се судрија во воздухот над централна Полска, при што загинаа две лица, соопштија официјални претставници на полските воздухопловни власти.

Портпаролот на противпожарната служба Павел Фрачак, информира дека судирот се случил во близина на градот Радом, на 100 километри јужно од Варшава.

Фрачак наведе дека во секој од авионите имало по две лица.

По сударот еден од авионите се урнал на земја и се запалил, усмртувајќи ги двете лица во него, додека двајцата патници во другиот авион минале само со повреди.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците