Двајца планинари загинаа денеска во несреќа на планината Ортлер на источните Алпи, соопштија спасувачите.
Во несреќата се повредени уште двајца планинари, додаваат спасувачите.
Загинаа 35-годишен Германец од Минхен и 46-годишен Романец.
Несреќата се случила утрово во 6 часот и 20 минути, кога група планинари со помош на јаже се искачувале на врвот на планината.
Се сомнева дека еден планинар при падот се лизнал и ги влечел другите со себе.