Трагедија во Франција: Автобус полн со деца се урна по падина

Од:

Најмалку 21 лице е повредено денеска во несреќа на француските Алпи кога автобус со деца се превртел по падина и завршил во поток.

Во автобусот се превезувале 40 основци.

Возачот и сопатникот се најтешко повредени, додека 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјави Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.

„Децата се добро“, изјави тој за АП.

Регионалниот обвинител започна истрага, а градоначалникот рече дека најверојатното сценарио е дека возачот имал некаков медицински проблем додека бил зад воланот.

Локалните власти за француските медиуми изјавија дека при слетувањето на автобусот временските услови биле добри, а на местото на несреќата немало снег или мраз.

Би можело да ве интересира

Се урна хеликоптер на швајцарските Алпи: Три лица загинаа

На швајцарските Алпи исчезнаа шест скијачи, пронајдени се пет тела

Горан Наумовски

Трагедија на Алпите: Двајца планинари загинаа, едниот се лизнал и го повлекол другиот во смрт

На северните Алпи денеска се измерени рекордно високи температури

ВИДЕО: Две жени замрзнаа на италијанскиот дел од Алпите

Катерина Ѓуровски

Седуммина загинати во две лавини на француските Алпи