Две торнада го погодија Њујорк, нанесувајќи материјална штета. Никој не е повреден, но многу домаќинства останаа без струја, јавуваат американските медиуми.
Првото торнадо ја погоди плажата Рокавеј во Квинс. Околу седум минути подоцна, Њујорк го погоди и второ, посилно торнадо кај Бруклин.
Ветерот дувал со брзина и до 177 километри на час. Поради тоа беше прекинат и полуфиналниот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Давид Ферер, на US Open.
Десетина луѓе се полесно повредени од предмети кои летале низ воздухот, но нема извештај за посериозни повредени.