Тони Блер: Ерата на западната доминација се ближи кон крајот

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека ерата на западната политичка и економска доминација се ближи кон крајот поради рускиот напад врз Украина и подемот на Кина како „втора суперсила“ во светот.

Тој рече дека западните сили мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да ја задржат својата воена надмоќ.

Според Блер, „бруталната и неоправдана“ инвазија на Владимир Путин врз Украина покажа дека Западот повеќе не може автоматски да очекува големите светски сили да се придржуваат до прифатените меѓународни норми.

– Како резултат на постапките на Путин, повеќе не можеме да се потпреме на кинеското раководство дека ќе се однесува на начин што го сметаме за рационален, рече тој.

– Не ме сфаќајте погрешно. Не велам дека Кина во блиска иднина ќе се обиде со сила да го заземе Тајван. Но, не можеме да ја засноваме нашата политика врз сигурност дека тие нема да го сторат тоа, нагласи Блер.

Тој рече дека најголемата геополитичка промена на овој век ќе дојде од Кина, а не од Русија.

– Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација, истакна Блер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година