Томас: ЦИА ја прекинува поддршката за бунтовниците во Сирија

Од:

Шефот за специјални операции на американската војска, генерал Тони Томас, потврди дека ЦИА ја згаснува својата програма за поддршка на сириските бунтовници кои се борат против претседателот Башар ал-Асад.

Томас негираше дека четиригодишната операција е завршена за да се задоволи Русија и за да се добие поддршка за примирјето во југозападна Сирија, пренесоа француските медиуми.

-Тоа беше тешка, тешка одлука, но таа апсолутно не е отстапка пред Русите, рече Томас на форум во Аспен, во Колорадо.

„Таа е темелена на проценка на природата на програмата, на тоа што се обидуваме да го постигнеме”, рече Томас.

Повикувајќи се на неименувани американски претставници, „Вашингтон пост“ објави дека четиригодишната тајна операција имала ограничено влијание, особено од откако руските сили застанаа на страната на Асад, во 2015 година.

Според наводите на весникот, американскиот претседател Доналд Трамп одлуката за укинување на програмата за поддршка ја донел пред речиси еден месец, по состанокот со директорот на ЦИА, Мајк Помпео и советникот за национална безбедност, Х.Р. Мекмастер.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

ЦИА тврди: Украинската војска е потценета, украинските сили се борат за траен мир

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе