Најмалку сто домови се под вода во токиските реони Шетагаја и Мегуро, како последица на денешните поројни дождови.
Невремето предизвикало и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Повеќе од 4.000 домови во ови две и во соседните префектури Канагава и Сајтама се без струја.
Поради поројните дождови привремено беше прекинат и железничкиот сообраќај, додека авионите од токискиот аеродром Ханеда полетува со задоцнување.