Тоа што ги помилувавме каталонските сепаратисти не значи дека ќе дозволиме нов референдум, велат шпанските власти

Од:

Шпанската Влада предупреди дека помилувањето за деветмина затворени лидери на каталонските сепаратисти не значи дека таа е подготвена да преговара за референдум за независност на Каталонија.

Врховниот суд одобри ослободување на девет каталонски политичари и активисти откако Владата донесе решение за помилување, а тие денеска беа ослободени од затвор.

Премиерот Педро Санчез претходно ги опиша помилувањата како знак на добра волја и прв чекор кон решавање на политичкиот конфликт на Мадрид со богатиот североисточен регион, чија влада бара нов референдум за независност, но со согласност од Мадрид.

Девет каталонски лидери беа осудени во 2019 година на затворска казна меѓу девет и 13 години поради бунт и злоупотреба на јавни средства при организацијата на референдумот за независност на Каталонија од Шпанија.

Помилувањата се условни и забраната за вршење јавни функции за овие каталонски лидери останува во сила.

– Не само што овој референдум е неуставен, туку не можеме да продолжиме со уништување на каталонското општество, истакна премиерот Санчез пред пратениците, одговарајќи на барањата на сепаратистичките пратеници за референдум, кој ќе биде одобрен од Мадрид.

Конзервативните опозициски партии побараа од Санчез да поднесе оставка поради помилувањето, тврдејќи дека социјалдемократскиот премиер со овој потег го нарушил единството на Шпанија. Анкетите покажуваат дека околу половина од Каталонците ја поддржуваат независноста од Шпанија. гт/

2021-06-23 15:46:22, од Габриела Точко

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени