Тинејџери во Австралија преживеаја бура на море со часови на даски за веслање

Од:

Четворица тинејџери во вторникот се пронајдени живи на остров во југозападна Австралија, откако ноќта ја минале во немирни води, плутајќи околу 30 километри, соопштија локалните власти.

Во објава на Твитер, полицијата на Викторија соопшти дека групата од две 18-годишни момчиња и две девојчиња, на возраст од 18 и 19 години, во понеделникот тргнала од градот Розебад на две даски за веслање, пред да ги зафатат олујни ветрови кои ги турнале во заливот Порт Филип.

„Не можејќи да се спротивстават на налетите на ветрот, тие плутале со плимата и осеката и пристигнале на островот Сван, воена тренинг база на спротивната страна од заливот, околу 2 часот по полноќ“, соопшти полицијата.

„Премрзнати и дезориентирани нашле засолниште во колиба. Кога се разденило, лутале низ островот и биле лоцирани од обезбедувањето“, извести полицијата, додавајќи дека потоа биле пренесени во болница.

Началникот на полицијата во Викторија, Теренс Роуландс, рече дека групата ја пронашол локален човек додека ја извршувал својата редовна утринска прошетка на плажа. Тој рече дека тоа е „апсолутно фантастичен исход“, додавајќи дека полицијата била сериозно загрижена за безбедноста на групата.

Џек Ши, татко на еден од тинејџерите, изјави дека е „многу среќен“ и дека му „олеснило“ што биле пронајдени. „Нашите деца се пронајдени и многу сме среќни поради тоа. Тоа е огромно олеснување, бевме навистина очајни“, вели тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски