Тинејџер со секира нападна неколку лица во Швајцарија

Од:

Еден 17-годишник вооружен со секира синоќа нападна неколку лица на бензиска станица во местото Флимс во кантонот Сент Гален во североисточниот дел на Швајцарија, соопшти швајцарската полиција.

Во полициското соопштение се посочува дека напаѓачот е уапсен, без да се наведе колку лица биле нападнати и каква е нивната здравствена состојба.

Напаѓачот е од летонска националност, кој, според полицијата, нападот го извел сам и нема индиции дека бил поврзан со некои екстремистички групи.

Мотивите за нападот засега не се познати.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ