Тинејџер е убиен, а четворица се ранети во пукање на автобуска станица во Филаделфија

Од:

Еден тинејџер е убиен, а четири лица се ранети кога двајца напаѓачи отвориле оган врз група луѓе на автобуска постојка во Филаделфија, соопшти полицијата на тој американски град.

Полицискиот комесар Кевин Бетел изјави дека во моментот на нападот имало од 15 до 20 студенти на станицата, пренесува АП.

Полицијата соопшти дека во болница е констатирана смрт на 17-годишно момче.

Во нападот биле застрелани две жени, додека две 15-годишници се здобиле со полесни повреди.

Напаѓачот избегал, а истрагата за пукањето е во тек.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“