Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека не ја посакувал оваа работа и оти сопругата го убедила да ја прифати понудата на претседателот Доналд Трамп.
Поранешниот шеф на компанијата Ексон Мобајл немал претходно политичко искуство.
– Бев вџашен од повикот на Трамп. Не ја сакав оваа работа, ниту ја барав оваа работа. Мојата сопруга рече дека тоа треба да го направам, изјави Тилерсон.
– Требаше да се преселам на ранчот и времето да го минувам со внуците. Трамп никогаш претходно не сум го сретнал, а кога ме повика мислев дека од мене сака мислење за случувањата во светот. Кога на крајот на разговорот ме праша дали сакам да бидам државен секретар бев вџашен. На крајот ме убеди сопругата и беше во право, истакна Тилерсон.