Тилерсон: Северна Кореја треба да ги прекине тестирањата на балистички ракети

Од:

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави пред новинарите во Манила, каде учествува на форумот на АСЕАН, дека Северна Кореја треба да ги стопира тестирањата на балистички ракети, доколку сака дијалог со САД за решавање на кризата.

– Поострите санкции против Пјонгјанг, кои беа усвоени од Обединетите нации се доказ дека меѓународната заедница е единствена во стремежот кон ослободување на Корејскиот Полуостгров од нуклеарно оружје, додаде Тилерсон.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека се надева дека односите меѓу Северна и Јужна Кореја ќе се подобрат.

Според Ванг, севернокорејскиот министер за надворешни работи не ги отфрлил целосно предлозите на јужнокорејскиот колега.

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски