Тилерсон повика на целосна и кредибилна истрага за злосторствата во Мјанмар

Од:

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон повика на кредибилна истрага во врска со прекршувањата на човековите права на Рохинџи муслиманите во Мјанмар.

Повеќе од 600 илјади Рохинџи ги напуштија своите домови и пребегнаа во Бангладеш од крајот на август, бегајќи од воението операции спроведувани против нив во Мјанмар.

Според лица од ОН, воените операции се класичен пример на етничко чистење.

– Длабоко сме загрижени поради извештаите за злосторствата спроведени од силите на Мјанмар, изјави Тилерсон на прес-конференција со Аун Сан Су Ки, шеф на цивилната администрација.

Тилерсон претходно одржа разговори и со лидерот на војската на Мјанмар, Мин Аунг Хлајнг.

Американскиот државен секретар повика на кредибилна и целосна истрага и кажа дека тие што ги прекршиле законите мора да одговараат.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска