Тилерсон: Лансирањето балистичка ракета е ескалација на севернокорејската закана

Од:

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД остро го осудуваат лансирањето на севернокорејската интерконтинентална, балистичка ракета, означувајќи го таквиот потег на Пјонгјанг како „нова ескалација“ на заканата од Северна Кореја.

-Оваа проба претставува закана за САД, за нашите сојузници и партнери, но и за регионот и светот, се вели во изјавата на Тилерсон.

Според шефот на американскиот Стејт департмент, сега е „потребна глобална акција за да се запре глобалната закана“.

Во изјавата Тилерсон предупредува дека САД „никогаш нема да прифатат Северна Кореја да биде вооружена со нуклеарно оружје“ .

Тој, исто така, порача дека секоја држава што на Пјонгјанг му овозможува економска и воена корист или целосно не ја спроведува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, му помага на еден „опасен режим„.

Северна Кореја претходно соопшти дека извршила прва, успешна проба на интерконтинентална балистичка ракета.

САД веруваат дека Севернокорејците, сега, би можеле да лансираат ракета и до Алјаска, но воени и ракетни експерти, сметаат дека Пјонгјанг не може да ја погоди целта кон која е лансирана ракетата, како и дека таа не е способна да носи со себе едно нуклеарно полнење.

Официјален Вашингтон веднаш по објавувањето на веста за новата ракетна проба, побара одржување вонредна седница на Советот за безбедност. Седницата се очекува да се одржи денеска, зад затворени врати.

Најновата ракатена проба во Северна Кореја, како дел од серијата вакви тестови, претставува пркосење и предизвикување на забраната на ваквите активнсти, што ја усвои Советот за безбедност на ОН.

Изјавата на Тилерсон доаѓа по вчерашната заедничка изјава на Русија и Кина, кои по средбата на лидерите на двете земји во Москва, побараа од Северна Кореја да направи мораториум на своите нуклеарни и ракетни проби.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски