Тилерсон го засили притисокот врз Пакистан за авганистанските талибанци

Од:

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, го засили притисокот на САД врз Пакистан , во врска со веќе регистрираната поддршка што властите во Исламабад им ја даваат на талибанците од Авганистан.

Пакистан ги негира ваквите обвинувања кои не се нови и не се изнесени за првпат, тврдејќи дека земјата „не им дава прибежиште на талибанците“.

Тилерсон , меѓутоа, ја предупреди пакистанската Влада дека земјата може да ги загуби американските привилегии и погодности, доколку владата во Исламабад не го смени своето досегашно однесување.

Предупредувањето на државниот секретар на САД доаѓа само еден ден по говорот на претседателот Доналд Трамп во кој беше промовирана новата американска стратегија во Авганистан, во која стои и обврската на Американците да им помагаат на авганистанските сили во борбата со талибанските бунтовници.

САД претставуваат клучен сојузник на Пакистан.

Оваа средноазиска земја ужива специјален статус на земја – партнер која не е членка на НАТО и која добива милијарди долари американска помош

Тилерсон вели дека Пакистан може да го загуби привилегираниот статус доколку не се измени досегашната пракса- на талибанците да им овозможува да бегаат од Авганстан и да се кријат на пакистанската територија, или доколку не се измени досегашниот приод во справување со разните терористички групи на територијата на Пакистан.

-Во интерес е на земјата, да ги преземе потребните акции, изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица