Тихановскаја: Во Белорусија ќе се вратам кога ќе се чуствувам безбедно

Од:

Светлана Тихановскаја, главниот противник на белорускиот претседател Александар Лукашенко на неодамнешните претседателски избори, денеска изјави дека од Литванија ќе се врати во Белорусија кога ќе се чувствува безбедно.

На денешната прес-конференција во Вилнус таа изјави дека народот во Белорусија сака да се одржат нови избори, кои би биле слободни и фер, пренесуваат британските медиуми.

На претседателските избори што се одржаа во Белорусија, на 9 август, Лукашенко победи со околу 80 проценти од гласовите, додека Тихановскаја, која освои 10 отсто од гласовите, следниот ден избега во Литванија поради закани по нејзиниот живот.

По објавувањето на изборните резултати, избувнаа масовни протести во Минск и другите белоруски градови, што предизвика судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина