Тихановскаја очекува наскоро да почнат преговори со власта на Лукашенко

Од:

Опозициската кандидатка на неодамнешните претседателски избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, изјави дека наскоро очекува да почне дијалогот со властите на претседателот Александар Лукашенко, пренесува полски дневен весник „Газета Виборша“.

Белорусија се соочува со најголемиот предизвик по напуштањето на Советскиот Сојуз, бидејќи десетици илјади незадоволни граѓани секојдневно протестираат и ја отфрлаат победата на Лукашенко на претседателските избори на 9 август, потсетуваат британските медиуми.

Додека опозицијата бара преговори за трансфер на власта, белоруските власти ги обвинуваат демонстрантите за илегален обид за заземање на власта.

Тихановскаја веќе изјави дека нема повторно да се кандидира доколку се распишат нови избори, но не исклучува дека нејзиниот сопруг ќе се кандидира.

-Прерано е да се зборува за тоа. Примарната цел се новите избори, рече таа.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина