ТИ: Корупцијата се засилува кога на власт се популисти

Од:

Невладината Транспаренси интернешнал предупреди дека во државите каде има популистички лидери кои дошле на власт со ветувања за промена на статус-кво и борба со корупцијата, тој проблем се продлабочува.

ТИ објкави Индекс на перцепција на корупција за 2016 година во 176 држави.

Во извештајот тие наведуваат дека популистичките и автократскилидери воведуваат покорумпирани системи во државите каде ветиле реформи.

Претседателот на ТИ, Хосе Угас ги дава за пример Унгарија и Турција чии индекси се влошени во изминатите години, додека Аргентина се движи кон подобро по соборувањето на популистичката влада.

Според ТИ, најмалку корумпирана држава во 2016 година била Данска и Нов Зеланд, следени од Финска, Шведска, Швајцарија и Норвешка. Сомалија е на дното на листата, а над неа се Јужен Судан, Северна Кореја и Сирија.

Македонија е на 90 место. Во индексот за 2015 година државата била на 66 место, во 2014 на 64 место додека во 2013 ТИ ја рангирал на 67 место.

Резултатите за 2016 година откриваат врска меѓу корупцијата, нееднаквоста и популизмот. Кога традиционалните политичари не успеваат да се справат со корупцијата, луѓето стануваат цинични. Тие се повеќе се свртуваат кон популистички лидери кои ветуваат разбивање на корупцијата и привилегиите, но тоа само го продлабочуваат, нагласува Транспаренси интернешнал.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски