„Тежок ден“ за Бин Ладен, ама и за авторот на книгата

Од:

Пентагон предупреди дека ќе го тужи поранешниот припадник на „Американските фоки“, сега автор на книгата во која го опишува убиството на Осама Бин Ладен, заради прекршување на договорот на доверливост. Главниот адвокат на Пентагон се заканува и дека секој што соработувал со него и му давал информации исто така ќе се најде на обвинетелната клупа.

Во писмото испратено до „Марк Овен“, псевдоном под кој е објавена книгата, Пентагон вели дека би можел да бара и дел од заработката од книгата, но не само тоа. Во писмото биле приложени и двата догоговори кои авторот ги потпишал со американската морнарица во кои се обрвзува на доверба додека е во служба на војската, а секое прекршување на договорите или откривањето на информации се смета за кривично дело.

Книгата „ No Easy Day“ треба да излезе наредната недела. Авторот планирал да ја објави како „анонимен“, но неговиот идентитет се откри.

Пентагон не наведува кои се спорните информации за кои обвинува дека авторот го прекршил договорот, но во книгата пишува како лидерот на терористичката „Ал Каеда“ бил застрелан во глава додека погледнал од прозорецот на својата спалната соба, при операцијата во Пакистан 2, во мај 2011. година.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху