Тешко е ранет шефот на украинската разузнавачка служба

Од:

Кирил Буданов е ранет при нападот на зградата на украинската разузнавачка служба и моментално се наоѓа на лекување во Берлин.

Шефот на украинската разузнавачка служба Кирил Буданов е ранет на 29 мај при напад врз зградата на украинската служба во Киев, јави денеска РИА Новости, повикувајќи се на неименуван извор од руските безбедносни сили, кој од украинските разузнавачи добил увид во состојбата на Буданов.

Ракетата го погодила кабинетот што бил до Буданов, а тој се здобил со повреди поради кои прво бил префрлен со хеликоптер во воената база во Жешов, град во Полска, недалеку од границата со Украина, а потоа со специјален aмерикански авион e пренесен на лекување во Германија.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина