Терористите се кријат во пештера-опколено рударско окно?

Од:

Француската полиција ги опколи Шериф и Саид Куаши кои во седиштето на Шарли Ебдо ладнокрвно убија 12 луѓе, меѓу кои и водечките француски карикатуристи и двајца полицајци во предградието на Париз.

Според пишувањето на Дејли Меил, француската полиција вечерва почнала да го пребарува теренот кај големата пештера длабока неколку стотина метри. На подрачјето на шумата во која наводно побегнале браќата Кауши се наоѓа рударско окно и постои можност дека токму таму се имаат сокриено од илјадниците полициски сили кои трагаат по нив.

Screenshot_3

Опсадата на Париз и понатаму е во сила, а се претпоставува дека над 100.000 полицајци но и војници се фокусирани на пронаоѓањето на терористите. Проблем за потрагата во шумата североисточно од Париз каде се кријат извршителите на убиството, е тешко проодниот терен. Полицијата претходно вршеше проверки од куќа на куќа пред влезот во шумата, а во текот на целиот ден припадници на полицијата вооружени до заби ги чуваа сите јавни објекти во Париз.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ